По страшната несреќа на скијање на крајот на 2013 година, седумкратниот шампион во Формула1, Михаел Шумахер е целосно изолиран од јавноста.
Неговата здравствена состојба е обвиткана во мистерија речиси една деценија, бидејќи нема официјални медицински извештаи. Поради тешките повреди на главата, Шумахер шест месеци бил во индуцирана кома, по што е префрлен на домашно лекување и со години е во семејната вила на Женевското езеро.
Никој освен членовите на семејството и најблиските пријатели не знае каква е неговата вистинска здравствена состојба.
Новинарот и пријател на познатиот спортист, Роже Беноа, во интервју за швајцарски „Блик“ откри детали кои доста ги вознемириле фановите на Шумахер.
На прашањето како е Мајкл, следеше шокантен одговор.
„ Има само еден одговор на тоа прашање, а тоа е оној што го дал неговиот син Мик во едно од ретките интервјуа во 2022 година. Тој тогаш рече: „Би дал сè за да можам да разговарам со тато“. Таа реченица открива како е неговиот татко повеќе од 3.500 дена по несреќата. Безнадежен случај “, рекол Беноа.