Еден од најдобрите играчи во светот, Французинот Килијан Мбапе, би можел да заврши на позајмица во Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми.
Ливерпул започнал преговори со Пари Сен Жермен со цел да го доведе најдобриот француски фудбалер на едногодишна позајмица, открива „Мирор“.
Да потсетиме, Мбапе не сакаше да го продолжи договорот со парижаните и следното лето ќе може слободно да избере нова средина. ПСЖ е бесен поради тоа, не сакаше да го носи на тренинг со клубот и сака да се ослободи од него. Ал Хилал наводно понудил 300 милиони за одличниот фудбалер, но Мбапе не сака да замине во Саудиска Арабија, а сега постои опција следната сезона да ја помине на позајмица на „Енфилд“.
Британскиот таблоид тврди дека Ливерпул е подготвен да одвои одредена сума на пари на Пари Сен Жермен со цел брилијантниот Французин да помине една сезона со нив на позајмица.
Мајката на Килијан Мбапе е голем фан на Ливерпул и самиот фудбалер секогаш со голема почит зборуваше за овој клуб. Клоп би сакал да го види во својот тим и англискиот клуб ќе се обиде да ги убеди парижаните да го пуштат на позајмица.
ПСЖ не сака Мбапе да го напушти клубот без да има профит од неговата продажба, но Французинот е немилосрден и постои голема можност тоа на крајот да се случи.
Сега им се отвори многу добра можност да заработат и јасно е дека ќе бараат големи пари од англискиот клуб.