Блинкен бара Србија да постигне договор за нормализација на односите со Косово

Американскиот државен секретар Антони Блинкен преку писмо им го честиташе денот на државјанството на народот на Србија и истовремено ја охрабри оваа земја да постигне договор за нормализација на односите со Косово.

Блинкен, кој денеска е во посета на Албанија, бара од Србија да ги спроведе преземените обврски и да се придржува до дијалогот на ЕУ за косовското прашање.

„Ја поддржуваме вашата цел за влез во ЕУ и со нетрпение очекуваме соработка со новата влада на Србија и европските партнери кои ќе и помогнат на Србија да ги исполни критериумите за членство. САД ја охрабруваат Србија да ги исполни своите обврски и да продолжи со дијалогот олеснет од ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација со Косово“, се вели во пораката на Бликнен, пренесува Гласот на Америка (српско издание).