По посетата на регионот на Блискиот Исток, Блинкен ќе ги посети и Египет и Катар, соопшти Стејт департментот.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Израел го прифатил предлогот за премостување на разликите што спречуваат договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа. Тој го повика Хамас да го стори истото, пренесува АП.
Блинкен, сепак, не прецизираше кои се разликите.
Дури и ако Хамас го прифати предлогот, преговарачите ќе ги поминат следните неколку дена работејќи на „јасни договори за спроведување на договорот“, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар беше во својата деветта итна мисија на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа пред повеќе од 10 месеци. Неговата посета дојде неколку дена откако посредниците, вклучително и САД, изразија оптимизам дека договорот е блиску.
По посетата на регионот на Блискиот Исток, Блинкен ќе ги посети и Египет и Катар, соопшти Стејт департментот.