Блитвата е корисно растение кое се одгледува поради неговите исклучително хранливи листови. Се подготвува слично како и спанаќот, на пр. сварена и измешана со компир и зачинета со масло. Во продолжение прочитајте за нејзините здравствени придобивки.
Богата со витамини
Блитвата е особено ефикасна за зајакнување на имунитетот, а е и совршен диуретик. Како и секој лиснат зеленчук, припаѓа на нискокалоричната храна. Се смета за идеална храна за одржување на тежината. Богата е со витамини Ц, и Б, како и со каротин. Содржи и магнезиум, железо, калиум, манган, калциум, но и голема количина на јаглехидрати, протеини, целулоза и растителни масла.
Одлична за варење
Целулозните влакна се важни бидејќи ги елиминираат токсичните материи и вишокот вода, го забрзуваат минувањето на храната низ цревата и ги намалуваат проблемите со варењето.
Добра за крвта, мозокот и коските
Блитвата е исклучително добра за ослободување од стресот и нервозата и зајакнување на концентрацијата. Покрај тоа, ја зајакнува крвта со тоа што влијае врз формирањето на црвени крвни зрнца, ги зајакнува коските и ја штити целата слузница на телото.
Блитвата е антибиотик
Во народната медицина, листовите блитва се користат за покривање на рани, а чорби од блитва им се даваат на оние кои страдаат од воспаление на мочниот меур и бубрезите. Варената блитва со сечкан лук се користи како антибиотик, а ако се додаде магдонос, се подобрува излачувањето на урината и се чисти крвта.
Добра е за очите
Карактеристичните состојки на блитвата се лутеинот и зеаксантинот кои често се нарекуваат витамини за очи. Тие спаѓаат во групата на каротеноиди и благотворно делуваат на мрежницата на окото, спречувајќи ја макуларната дегенерација, која, патем, се поврзува со стареењето и е најчеста причина за слепило во светот. Тие ги штитат и клетките на епителот кој е одговорен за добар вид.