Блудната принцеза ги менуваше мажите како чорапи! Развратниот начин на живот заврши со голема трагедија

Принцезата Шанин сакаше да ја има сета слобода, еден сопруг не и беше доволен.

Принцезата Шанин, позната и како принцезата Куаиџи, родена како Лиу Чуиџу, потекнувала од династијата Лиу Сонг. Лиу беше најстарата ќерка на императорот Ксијао и неговата сопруга, царицата Ванг Сјанџуан.

За време на владеењето на нејзиниот татко, таа беше именувана за принцезата Шанин и се омажи за Хе Џи, синот на службеникот Хе Јан. По смртта на нејзиниот татко во 464 година, нејзиниот помлад брат Лиу Зије, кој тогаш имал само 15 години, станал цар.

Лиу Зије подоцна бил обвинет дека учествувал во оргии со жени и евнуси, бил поврзан со садизам, а неговиот лик бил споредуван со римскиот император Хелиогабал.

Принцезата сакаше повеќе слобода

Еден ден, Шанин решила дека има право да ги ужива истите слободи како нејзиниот брат.

– Иако нашите полови се различни, ние сме родени од ист татко. Сепак, вие имате повеќе од 10.000 жени во вашите палати, а јас имам само еден сопруг и тоа не е во ред – напишала таа во петицијата.

Како одговор на апелите на принцезата, императорот ѝ дозволил да избере 30 млади мажи за себе, кои ќе бидат нејзини љубовници. Од тоа време, терминот „mianshou“ се користи за опишување на љубовници на жени од одреден ранг.

 

Принцезата, сепак, не била целосно задоволна од отстапката на нејзиниот брат.

Еден ден видела службеник Чу Хуан, кој бил млад и убав. Принцезата го замоли царот да и го додели за љубовник. Царот се согласи и на Чу му беше наредено да и служи на принцезата. Но, по десет дена залудни обиди и искушенија, тој одбил да има сексуални односи со неа и таа го пуштила да си оди.

Трагичен крај 

Во 465 година, царот бил убиен од неговиот помошник Џоу Џижи, а неговиот вујко Лиу Џу станал император Минг. Уште пред да се качи на тронот, издал едикт во името на неговата баба царицата Лу.  Принцезата Куаиџи беше осудена за неморал и разврат, како и нејзиниот брат за неговото насилство, и на двајцата им беше наредено да извршат самоубиство .