На лудилото му нема крај! По веста дека Ал Хилал му понудил на Лионел Меси двегодишен договор вреден 1,2 милијарди евра, се појави информација дека луда понуда од Саудиска Арабија пристигнала и на адресата на добитникот на Златната топка и голгетерот на Реал Мадрид – Карим Бензема.
Светските медиуми пренесуваат дека 35-годишниот напаѓач сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид поради богата понуда од Саудиска Арабија.
Карим Бензема наводно го известил клубот дека добил понуда од неименуван клуб од Саудиска Арабија вредна 400 милиони евра за двегодишен договор.
Заедно со нереалните 200 милиони по сезона, Карим Бензема добива и бројни други бенефиции.
Имено, сите приходи од спонзорски договори, продажба на дресови би оделе на неговата сметка, а му било понудено да ја избере куќата и местото каде што сака да живее, како и многу други луксузни предмети.
Францускиот фудбалер се уште размислува за понудата, но е блиску до одлука да ја прифати.
Да потсетиме, Карим Бензема на лето ќе стане слободен играч, а Реал Мадрид е подготвен да ја продолжи соработката со славниот напаѓач. Договорот е на маса, се чека само одлуката на Французинот.
Што ќе одбере Карим Бензема – пари или љубовта кон „Кралскиот клуб“, останува да видиме…