– Богатите земји го финализираа задоцнето ветување за доделување финансии за справувањето со климатските промени во износ од 100 милијарди долари за земјите во развој и формираа фонд за биолошка разновидност и заштита на шумите, истакна денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој говореше на завршниот панел на Самитот во Париз, каде четириесетина лидери – меѓу кои дваесетина од Африка, кинескиот премиер и претседателот на Бразил – дадоа поттик за новиот глобален финансиски план.
Целта на Самитот беше да се зајакне кризното финансирање за сиромашните земји и да се олесни нивниот долг, да се реформираат повоените финансиски системи и да се ослободат средства за справување со последиците од климатските промени преку постигнување консензус на највисоко ниво за тоа како да се промовираат бројни иницијативи во телата, како што се Г20, ММФ, Светска банка, ОН.