Младиот боксер Вељко Ражнатовиќ го очекува третото дете со сопругата Богдана.
За четири години брак тие добија два сина, Жељко и Крстан, а следната година ќе добијат уште еден наследник, кој ќе се вика Илијан.
Убавата Богдана не е активна на социјалните мрежи и нејзиниот Инстаграм профил е заклучен, но одвреме-навреме можеме да ја видиме на објавите на нејзиниот сопруг.
Синот на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска сподели неодолива слика од своето семејство на која гледаме како момчињата Жељко и Крстан се облечени во исти бои.
Додека Крстан е во количка, Жељко ја бакнува мајка си, а со оваа прекрасна фотографија Ражнатовиќ напиша: „Тигарска крв“.
Богдана е во петтиот месец од бременоста и изгледа поубаво од било кога.
Инаку, Вељко неодамна на својот Инстаграм профил сподели видео од неговиот син Жељко како утрото прави склекови, за што исто така се зборуваше. Иако малиот има само три години, тој е многу физички активен, па има видеа како удира по вреќата и бега.
– Ајде еден, ајде два, ајде три, ајде четири. Ајде уште пет. Браво докторе, кој е најјак – му рекол Вељко.