Модниот дизајнер и сопруга на Дејвид Бекам, Викторија Бекам важи за некој кој одвреме-навреме знае да ги изненади понежниот пол со жешките фотографии на Дејвид.
Сега таа го направи истото, споделувајќи слика од Бекам во долна облека на својот Инстаграм.
Носејќи само бели гаќи, Дејвид лежи на подот и го мести телевизорот.
– Дојде електричар да го поправи телевизорот… Добре дојде! – Напиша Викторија во описот на фотографијата.
Коментарите само постојано доаѓаа, а нема сомнеж дека жените се благодарни за потегот на Викторија.
,,Кажете ми дека не сум единствената што зумирала”, ,,Викторија Бекам врши хуманитарна работа оваа празнична сезона” ; ,,И мојот телевизор се расипа”, ,,Добро е што Викторија не е себична”,, ,,Дејвид Бекам, нашиот Дедо Мраз”, беа коментарите под фотографијата.