Неговиот адвокат истакна дека постапката била многу ризична.
Во болницата „Свети Наум Охридски Скопје“ вчера беше опериран Бојан Јовановски, што за српските медиуми го откри неговиот адвокат, а сега се огласи и доктор Јованов, дигестивен хирург од градската болница, кој за „Слободен печат“ откри „Во каква состојба е Јовановски.
– Направивме субтотална ресекција на желудникот. Отстранети се ткива со преканцерозни клетки. Тоа беше долга и тешка операција, по која животот на пациентот е во опасност, бидејќи не знаеме како ќе се одвива постоперативниот тек. Јовановски не е свесен и не е на апарати. Отстранет е речиси целиот желудник, најмногу 15 отсто од желудникот само е останат – Др. Јованов, еден од хирурзите кои ја извршија интервенцијата и додаде дека пациентите со вакви операции мора да имаат строга диета, да јадат 10 пати на ден со многу мали количини мешана храна и да бидат на постојана терапија.
Инаку, Боки 13 вчера беше однесен на операција, а неговиот адвокат откри дека постапката е многу ризична.
– Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција која е многу ризична и опасна по живот, за чии последици повеќепати писмено укажуваат лекари специјалисти од областа.
Да потсетиме, во 2019 година бомба беше што Боки 13 беше уапсен под обвинение за рекет, а целата акција се одвиваше на пат кон Миконос, на граничниот премин кон Грција.