Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, неодамна излезе од затвор да се брани од слобода, поради здравствени проблеми. Оваа информација за медиумите ја потврди неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.
Боки 13 сè уште е во болница и за неколку дена ќе биде отпуштен дома. По ризичната операција му се искомплицирала здравствената состојба.
-Како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донел решение за запирање на издржувањето на затворската казна на осудениот Бојан Јовановски и дека на осудениот му е врачена пресуда. Оваа одлука иако доцни, треба да се поздрави како законска, правична и пред сè хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења на надлежниот јавен обвинител во иста постапка и врз основа на комплетна медицинска документација за здравствената состојба на осудениот – истакнува Туфегџиќ.
Како што тој беше подложен на ризична операција каде што му беа отстранети деведесет проценти од стомакот, здравствената состојба на Боки се влоши. Тој веднаш по излегувањето од затвор заврши во болница.
– Боки 13 сè уште е во болница, лекарот ја објасни неговата состојба и за неколку дена ќе биде отпуштен.
Потсетуваме, македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, беше уапсен во акцијата „Рекет“, а потоа и осуден затоа што уценувал одредени моќни и влијателни луѓе во Македонија и од нив барал огромни суми пари. Тој е осуден на девет години затвор во Скопје, а сега тој е ослободен.