– Кога се говори за турските производи е како да се говори за светски бренд, изјави денес турскиот министер за трговија, Омер Болат.
Во своето обраќање на саемот за облека и мода во Istanbul Fashion Connection (IFCO), Болат рече дека месечниот извоз на Турција се зголемил од околу 1 милијарда долари годишно до околу 1 милијарда долари на дневна основа.
Извозот на Турција минатата година изнесуваше 254 милијарди долари, рече Болат, додавајќи дека извозот од текстилниот и конфекцискиот сектор изнесува 32 милијарди долари.
Осврнувајќи се на саемот, тој истакна дека настанот го посетиле 30.000 посетители и 94 странски делегати-купувачи од 26 земји.
Министерот Болат нагласи дека Туркије е трета земја во Европа по текстилниот и конфекцискиот сектор, а седма во светот.
Во Европа, Турција е четврта по извоз на стакло, трета во секторот за бела техника (апарати за домаќинство) и прва во земјоделскиот сектор, посочи тој.
Болат додаде дека Турција е најголем извозник и на теписи во светот.
Земјата има цел да достигне ниво од 400 милијарди долари во извозот на стоки и 200 милијарди долари во извозот на услуги до 2028 година, порача турскиот министер за трговија.