БОЛЕСТ НА ИДНИНАТА !? 800 милиони луѓе поради ова ќе страдаат до 2050 година

Ова е болеста од која повеќето луѓе ќе страдаат во иднина!

Експертите од Универзитетот во Сиднеј, Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон и научни организации дојдоа до загрижувачки заклучок. Тие очекуваат дека до 2050 година дури 800 милиони луѓе ќе страдаат од болки во грбот. Резултатите од студијата се објавени во престижното медицинско списание The Lancet Rheumatology.

Авторите спровеле анализа на податоците од 1990 до 2020 година, во која виле вклучени учесници во студијата од 204 земји. Некои учесници во студијата се пожалиле на болки во долниот дел на грбот или болки во грбот воопшто. Научниците откеиле дека до 2017 година, бројот на такви случаи надминал половина милијарда. Во 2020 година веќе имало околу 619 милиони пациенти кои го имале овој симптом – болки во грбот.

Врз основа на добиените податоци, научниците предвиделе како ќе изгледа ситуацијата во наредните децении, па се очекува до 2050 година бројот на луѓе со проблеми со болки во грбот да се зголеми за 50 проценти. Експертите посочуваат дека најголем број случаи се регистрирани во Азија и Африка.

Вкупно 843 милиони луѓе во светот ќе заболат од оваа болест – главно поради зголемениот број и стареење на населението.

Докторскиот тим смета дека недостатокот на дијагноза, игнорирањето на симптомите и несоодветниот третман на болката може да доведе до сериозни последици, бидејќи болките во долниот дел на грбот се водечка причина за инвалидитет во светот.

болестживотздравје