„Смртта на ќерка ми ми го скрши срцето. Жив сум, но внатре се чувствувам мртов… Таа беше моето се, а јас ја изгубив“, изјави уништениот Месут Ханчер.
Фотографиите на кои Месут Ханчер (49) нежно ја држи за рака својата 15-годишна ќерка Ирмак, која лежи под урнатините на зградата во која порано беше станот на неговата мајка, го обиколија светот и расплакаа многумина. Тие потресни сцени од Кахраманмарас најдобро ја опишаа тагата што ги погоди милиони луѓе во Турција и Сирија погодени од земјотресот.
Но, загубата на неговата сакана Ирмак не е единствената трагедија на Месут – пишува Дејли мејл дека во една од најсмртоносните природни катастрофи тој изгубил уште шест членови на семејството, меѓу кои и мајка му и внуците и внуките.
-Се обидов да ја ослободам ќерка ми, мојата принцеза, со голи раце, но на крајот морав да ја оставам во урнатините – рекол Ханчер, кој ќе ги закопа сите загинати членови на семејството на гробиштата Капичам надвор од Кахраманмарас. Секој ден го посетува последното почивалиште на Ирмак – таму доаѓа во портокалова јакна, истата што ја носеше кога беа направени најшокантните фотографии од Турција.
-Ќерка ми и уште шест роднини загинаа додека престојуваа во куќата на мајка ми во Кахраманмарас, а епицентарот на земјотресот беше токму таму. Бев на работа во пекара кога се затресе земјата. Веднаш и се јавив на сопругата. Ми кажа дека таа, нашите две ќерки и нашиот син се безбедни… Но најмалата ќерка таа вечер спиеше на каучот во куќата на баба и бидејќи сакаше да биде со своите роднини… Очајно и се јавив на мајка ми, но таа не одговори, па истрчав до нејзината куќа и му викнав на Бога: „Те молам, нека ни биде цела куќата“ – рекол Месут.
Кога стигнал кај мајка си, открил дека се урнала десеткатницата – мртви се Ирмак, мајка му и роднините.
-Не сакав да ја оставам… Ја држев за рака, тоа беше единствениот дел од нејзиното тело што се гледаше под купот урнатини… Се обидов да ја извлечам со голи раце, но таа спиеше… Господ ми ја зеде ќерката – изјави разочараниот татко во интервју за турската телевизија ТВ100.
-Беше многу тешко да се отстранат урнатините. Баравме багер, но не успеавме. Полицијата пристигна на местото на настанот, но багерот не можеше да го испрати кај нас. И спасувачката екипа се обиде да ја извлече ќерка ми со раце, сакам да кажам “благодарам”, се обидоа… Но Ирмак во моментот на земјотресот падна на грб и беше невозможно да се стигне до неа со багер лопата или други уреди…
Тагувам за секој член од моето семејство, но смртта на ќерка ми ми го скрши срцето… Жив сум, но внатре се чувствувам мртво… Таа беше мојата ќерка и моето се, а јас ја изгубив. Беше како роза и мирисаше на роза – заклучил Месут.