Многу жени се подготвени да направат многу и да подлежат на болни третмани за убавина. На TikTok е објавено видео на кое се гледа како изгледа третманот за „мачкини“ очи.
Докторот Џинг Ванг од Contour Clinis во Англија го затегнал пределот на очите на пациентот за да личи на моделот Бела Хадид. Беше наведено дека ова не е класична операција. Ова би требало да биде помалку комплициран начин да се постигне „совршениот“ изглед.
Очекувано видеото предизвика бројни реакции. „Не можам да верувам дека луѓето го прават ова“, „Ова буквално изгледаше како хируршка процедура, само неинвазивна“, „Зошто да го направам ова? Девојки, прегрнете ја вашата уникатност“, се дел од коментарите.
Инаку, Бела, на која многумина гледаат, во неколку наврати изјави дека нејзината мајка Јоланда ја убедувала да го оперира носот кога имала само 14 години.
„Посакувам да го задржав обликот на носот каков што имаа моите предци. Мислам дека ќе ми се допадне во меѓувреме“, изјави таа за Vogue. Сепак, таа негираше дека ги стегнала очите.