Д-р Ерик Берг открил дека промените на стапалата можат да укажуваат на сериозни здравствени проблеми, затоа обрнете внимание.
Стапалата можат да обезбедат изненадувачки многу информации за нашето целокупно здравје. Иако појавата на симптоми не мора да значи дека нешто не е во ред, важно е да побарате стручен совет ако забележите необични промени, објавува „ Мирор“ .
Вкочанетост на стапалата
Вкочанетост или чувство на печење во стапалата често е знак на периферна невропатија – состојба предизвикана од оштетување на нервите во екстремитетите. Според д-р Берг, овој симптом може да биде поврзан со недостаток на витамин Б1, а бенфотиаминот, форма на витамин Б1 растворлива во масти, може да помогне.
Според податоците на NHS, најчеста причина за периферна невропатија е дијабетесот . Раните симптоми вклучуваат болка, пецкање, губење на чувството, слабост или рани на стапалата кои заздравуваат бавно или воопшто не заздравуваат. Доколку ги забележите овие симптоми, задолжително консултирајте се со лекар.
Сини прсти
Синкастата боја на прстите може да укажува на преактивен симпатички нервен систем. Д-р Ерик истакнува дека оваа состојба често се лекува медицински со блокатори на калциумови канали, додека магнезиумот, природен регулатор на калциум во клетките, може да биде природна алтернатива. Магнезиум глицинатот е особено ефикасна форма на овој минерал.
Препорачаниот дневен внес на магнезиум е 270 мг за жени и 300 мг за мажи, а може да се добие преку храна како што се спанаќ, јаткасти плодови и леб од цело зрно. Сепак, прекумерните дози на магнезиум (повеќе од 400 мг дневно) можат да предизвикаат дијареја, предупредува NHS.
Отечени стапала
Отекувањето на стапалата често се поврзува со дијабетес и висок шеќер во крвта, што предизвикува задржување на натриум и вода во телото. Доколку ги забележите овие симптоми, како и зголемена жед, често мокрење, замор, губење на тежина или заматен вид, кои се типични знаци на дијабетес, консултирајте се со вашиот лекар.
Промената на бојата на долниот дел од нозете и стапалата може да укажува на проблем со циркулацијата, како што е длабока венска тромбоза (ДВТ) – состојба при која се формираат згрутчувања на крвта во вените на долните екстремитети. Симптомите вклучуваат пулсирачка болка при одење, оток, топла кожа околу болното место и стврднати вени кои се чувствителни на допир.
Ако се сомневате на ДВТ, веднаш побарајте медицинска помош.
Болка во палецот
Болката во палецот на ногата често е знак на гихт – состојба предизвикана од натрупување на урична киселина во телото. Намалениот внес на оксалат во исхраната, како и внесот на магнезиум, можат да помогнат во ублажување на симптомите.
Доколку имате симптоми на гихт, како што се ненадејна и силна болка во зглобот, како и црвена, топла и отечена кожа околу зглобот, задолжително посетете лекар, особено ако вообичаените третмани не донесат олеснување.