Болното грло може да укажува на сериозна болест: Ако трае подолго од 3 недели, веднаш посетете лекар

Онкологот ги повика луѓето никогаш да не го игнорираат болното грло, особено ако трае три недели. Овој траен знак може да укажува на рак на грлото и вратот.

Д-р Јиржи Кубес, медицински директор на Центарот за протонска терапија во Прага, објасни дека постојаното болно грло може да биде знак за нешто многу посериозно од долготрајна настинка. Иако повеќето болки во грлото се предизвикани од вируси или алергии, тој објасни дека некои случаи можат да укажуваат на рани знаци на рак на главата или вратот, пишува „ The Mirror“ .

Особено е загрижувачки ако болното грло трае подолго од три недели . Сепак, ова често се занемарува бидејќи луѓето не сфаќаат колку сериозно може да биде.

– Луѓето претпоставуваат дека станува збор само за инфекција или рефлукс на киселина, особено ако се здрави. Но, кога болката во грлото не исчезнува и не реагира на вообичаените третмани, време е за дополнителна дијагностика – рече докторот. 

Според статистиката од Cancer Research UK, околу 12.800 нови случаи на рак на глава и врат се дијагностицираат во Велика Британија секоја година, што го прави осмиот најчест облик на рак. Ова име ги опфаќа различните видови на рак што можат да се појават во пределот на главата и вратот, вклучувајќи го ракот на грлото, ларинксот и устата.

Симптоми

Докторот објасни дека  знаците на рак на глава и врат често можат да бидат нејасни. Тие вклучуваат засипнатост, постојана болка во грлото, тешкотии при голтање или чувство како нешто да ви е заглавено во грлото.

– Овие симптоми можат да бидат суптилни, поради што често се занемаруваат. Ако имате болно грло повеќе од три недели, особено ако е од едната страна, или ако имате болка во увото без инфекција, консултирајте се со вашиот матичен лекар – советуваше д-р Јири.

Тој додаде дека луѓето кои редовно пушат или консумираат алкохол се изложени на поголем ризик, но дури и непушачите можат да бидат засегнати.

– Забележуваме зголемување на случаите кај помлади луѓе без очигледни фактори на ризик, особено поврзани со ХПВ инфекции – рече тој.

Тој нагласи дека болките во грлото не мора да значи дека имате рак, но ги повика луѓето да веруваат во својата интуиција ако нешто не им се чини како што треба.

– Повеќето болки во грлото се безопасни, но ако траат подолго, проверете. Ракот во оваа област се лекува многу успешно ако се открие рано, особено со целни терапии како што е протонската терапија. Вие најдобро го познавате вашето тело. Ако нешто не ви изгледа како што треба, реагирајте – заклучи тој.