Бомбашкото издание на девојката на Џеф Безос: Сите гледаа во фаталната Лорен, нејзиниот фустан едвај ги задржуваше нејзините бујни гради (фото)

По доделувањето на Оскарите, долги години се одржува забавата на магазинот Vanity Fair, која полека но сигурно прераснува во традиција, на која ѕвездите имаат уште една шанса да блеснат на црвениот тепих.

Меѓу гостите беше и третиот најбогат човек на светот Џеф Безос (59 г.) кој во оваа прилика се одлучи за црн костум со машна.

Сепак, Безос се појави со својата партнерка кога позираше пред новинарите. Лорен Санчез (53 г.), апсолутно го стави во втор план милијардерот и го привлече вниманието со своето раскошно деколте.

Лорен Санчез и Џеф Безос

Телевизиската водителка облече гламурозен фустан која се состоеше од проѕирен долен дел украсен со вертикални и хоризонтални светкави риги додека со горниот дел од фустанот ги истакна нејзините бујни гради. Атрактивното издание го комплетираше со отворени потпетици и дијамантски прстен и нараквица.

Лорен Санчез и Џеф Безос

Основачот на Амазон и ТВ водителката ја започнаа својата врска во 2019 година, набргу откако и двајцата објавија дека се разведуваат од своите сопружници.

Лорен СанчезОскариХоливудЏеф Бесоз