Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо повторно заедно, овојпат во Фенербахче? Звучи како нереална мисија, но двајцата Португалци веќе остварија контакт, а легендарниот тренер повика еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот и предложи идеја која ќе ја потресе планетата.
Идејата на Мурињо е Роналдо на лето да премине во Фенербахче, а главен проблем може да биде платата на Кристијано. Да потсетиме, тој игра во Саудиска Арабија со годишна заработка од околу 200 милиони евра.
Кристијано Роналдо во февруари ќе го прослави својот 40-ти роденден, со Ал Наср е под договор до крајот на јуни следната година, а сè уште го чека првиот трофеј во Саудиска Арабија. Според Еуроспорт, директорот на Фенербахче, Марио Бранко веќе е во преговори со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш и наскоро би требало да има повеќе информации.
Мурињо и Роналдо соработуваа три години во Реал Мадрид и заедно ја освоија титулата, купот и шпанскиот Суперкуп.