Нема да можете да чекате да ја извадите оваа бомба од прилог од рерна кога ќе видите како комбинацијата од компири и сирење добива златна боја.
Компирите обично се служат како прилог. Но, со овој рецепт , кој влече корени во американската гастрономија, не ви треба месо. Можете да го послужите со сезонска салата и да уживате во секој залак.
Состојки за 8 лица:
- 8 компири за печење
- 100 гр путер
- 150 мл кисела павлака
- 150 мл полномасно млеко
- 400 гр рендано сирење по желба
- 2 млади кромидчиња
- сол и бибер по желба
Подготовка на печени компири:
- Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
- Излупете ги компирите. Секој компир избоцкајте го неколку пати со вилушка и ставете го во рерна околу 45 минути до еден час или додека термички не се обработи до крај.
- Отстранете ја кората од печените компири и изблендирајте ги заедно со путерот, павлаката, млекото и сол и бибер.
- Половина од ренданото сирење измешајте го во пирето и префрлете го во плех кој претходно сте го премачкале со малку растително масло.
- Одозгора посипете го сечканиот млад кромид и преостанатото сирење. Ставете ја во рерна на 175 Целзиусови степени околу 15 до 20 минути додека да се растопи кашкавалот.