„Бомба“ од Бразил: Роналдо се кандидира за претседател?

Поранешниот фудбалер Роналдо изјави дека ќе се кандидира за претседател на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), пренесува денеска Ројтерс.

Роналдо (48) ја заврши играчката кариера во 2011 година, а за бразилската репрезентација одигра 98 натпревари и постигна 62 гола.

Тој рече дека планира да се кандидира за претседател на CBF на изборите, кои треба да се одржат помеѓу март 2025 и март 2026 година.

Роналдо сака да го замени Едналдо Родригез како претседател на CBF.

-Веќе 20 години владее еден вид стагнација во бразилскиот фудбал, нема перспектива. Сите се незадоволни – изјави Роналдо за Глобо.

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец најави дека ќе го продаде Ваљадолид кој го купи во 2018 година.

– Преговараме за продажба на клубот, се надеваме дека се ќе биде завршено наскоро. Тоа нема да ми биде пречка да се кандидирам за претседател на CBF – изјави Роналдо.