Познатиот актер Бен Афлек „би можел да се повлече од јавниот живот“ поради тврдењата дека имало тензија помеѓу него и неговата сопруга Џенифер Лопез за време на нивната најнова расправија на црвениот тепих.
Двојката се венча минатата година, но неодамна беа забележани во серија навидум жестоки расправии кои ги поттикнаа гласините меѓу нивните обожаватели. Магазинот The Mirror пишува дека 50-годишниот актер наводно „води потивок живот“, а експертот за односи со јавноста Маја Риаз сугерира дека тоа е „сосема можно“ кога станува збор за Бен Афлек.
„Тој не изгледа како да ужива во јавната страна на животот, како што се настаните за наградни шоуа и премиери. Последните неколку пати беше на доделување награди, тој не изгледаше како да ужива да биде таму. И колку повеќе се појавува на доделување на награди, во исто време изгледа мизерно или како да има некаква тензија меѓу него и Џенифер, таа би сакала тој воопшто да не присуствува на нив. Дури и меѓу познатите има луѓе кои водат потивок живот, и покрај нивниот статус на славна личност. Тоа е сосема можно“, објаснила оваа ПР експертка за магазинот.
Маја Риаз, исто така, сугерира дека дури и ако Бен Афлек направи „чекор назад и одлучи да живее подалеку од центарот на вниманието“, Џеј Ло сепак ќе може да го задржи статусот на голема ѕвезда.
ПР експертката додава и дека тоа што биле видени како се расправаат не значи дека на нивната романса и дошла крајот.
„Кој знае каква е реалноста на нивната врска. Да, тие можеби се скарале неколку пати, дури и во јавност, но кој пар не се кара ? Сè што знаеме е дека тие се уште се заедно, тие се пар. Тие се познаваат доволно добро сега и мислам дека ќе останат заедно“, заклучува таа.