Денес, Армијата на Израел (ИДФ) упати „итен апел“ до палестинските цивили да го напуштат поголемиот дел од областа поради жестоките борби што се водат во и околу градот Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, пренесува CNN.
„Итен апел до жителите на Ал-Катиба, Ал Махат и оние во центарот на Кан Јунис“, посочи портпаролот на ИДФ, Авихај Адраи, за арапските медиуми, а ова го повтори и во објава на социјалните мрежи.
„Ве повикуваме веднаш да го напуштите местото каде што се наоѓате и да се упатите кон познатите засолништа западно од Кан Јунис“, вели Авихај Адраи во објавата и посочи пет блока од мапата објавена од ИДФ.
CNN забележува дека не е јасно колку луѓе ќе можат да го видат овој апел, со оглед на недостатокот на комуникациски мрежи и интернет покриеност во поголемиот дел од Појасот Газа, додавајќи дека не е познато на кои засолништа се однесува Авихај Адраи.
По прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас минатата недела, потсетува CNN, Израел повторно ја започна својата воена кампања во Појасот Газа, а борбите се водат во Кан Јунис.
ИДФ тврди дека Кан Јунис е „главното упориште“ на Хамас, а во петокот израелската Армија објави дека во вториот по големина град на Појасот Газа борбите се водат „од врата до врата“.