– Израелскиот напад врз баптистичката болница Ал-Ахли Араби во северниот дел на Газа е „трагедија што се одвива пред нашите очи“, изјави шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел.
„Уште еднаш, невините цивили ја плаќаат највисоката цена“, рече Жозеп Борел на платформата X.
„Одговорноста за ова злосторство мора јасно да се утврди и сторителите да бидат повикани на одговорност“, додаде Борел.
Инаку, над 500 луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, изјави за Анадолу портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кудра.
На снимките од местото на нападот се гледаат трупови во кругот на болницата.