Борел: “Партнерството меѓу Русија и Кина има ограничувања!“

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел изјави дека руско-кинеското партнерство има граници и дека Европа треба да ги поздрави сите обиди на Пекинг да се дистанцира од Москва.

Борел посочи дека Кина, иако има воспоставено блиски дипломатски и економски врски, не формирала воен сојуз, ниту испорачувала оружје на Русија.

Се чини дека ова неограничено пријателство има граници“, кажа Борел, нагласувајќи дека Кина „не ја преминала црвената линија“.

Европска унијаЖозеп БорелКинаРусија