Борисов: Изјавата на Мицкоски е апсолутна провокација

Апсолутна провокација е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со внесувањето на Бугарите во македонскиот устав. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, дали како провокација или тест за новата влада во Бугарија.

– Апсолутна провокација и едноставно не треба да ѝ се обрнува внимание. Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше добро, така што – тие тоа можат, изјави Борисов.

Инаку, изјавата на Мицкоски која направи лавина реакции во Бугарија беше “суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои се декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов”.