Борисов: Изјавата на Мицкоски е апсолутна провокација и не треба да се обрне внимание

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за вклучување на Бугарите во македонскиот устав е апсолутна провокација, смета лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Лидерот на партијата која има најмногу пратенички места во бугарскиот парламент и е стожерот на новата политичка влада во Софија, денеска, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Мицкоски, како провокација или тест за новата влада во Бугарија, кусо рече:

„Апсолутна провокација и едноставно не треба да се обрнува внимание. „Министерството за надворешни работи на Бугарија добро реагираше, така што тие можат да го направат тоа“, рече Борисов.

Мицкоски наведе дека „суштинското прашање е зошто во оваа држава, каде што има околу 700-800 Бугари кои се изјаснуваат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да се внесе во Уставот, а Албанија со осум илјади Бугари, според бројките од пописот, го нема тој услов“.