По ставот на бугарскиот претседател Румен Радев за изјавите на новиот премиер Христијан Мицкоски дека не ги прифаќа уставните измени под бугарска диктат, лидерот на ГЕРБ и победник на последните избори во Источна Бугарија, Бојко Борисов , реагираше.
Според него, договорите, без разлика дали се добри или лоши, „особено меѓународните што се вткаени во рамките на преговорите со ЕУ, мора да се почитуваат“.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, Борисов е дециден дека и покрај добрите односи меѓу него и неговите партнери во ЕУ, договорите мора да се почитуваат.
„Секое толкување не е добро за колегите од Северна Македонија“, оценува Борисов, нагласувајќи дека доколку формира влада и стане премиер, ќе иницира средба со Мицкоски.
„Без нашата и поддршката на Грција,Македонија нема шанси да (влезе) во ЕУ. Сега тие треба да бидат одговорни. Бидејќи ја добија нашата поддршка, можат да се потпрат на нас“, додаде Борисов.