На 6 март, непознат маж се појавил на фарма за коњи во Гаутинг, Баварија. На сопственикот на фармата за коњи набрзо му се вклучил аларм на мобилниот телефон, а кога ги вклучил надзорните камери видел непознат дебел човек како влегува во шталата со коњите.
Благодарение на снимките од надзорните камери, сопственичката забележала необична ситуација, веднаш повикала полиција и со партнерот се упатилае кон шталата. Кога пристигнале, осомничениот веќе побегнал, но неговиот автомобил бил пронајден во близина на фармата, пренесува ,,Феникс.”
Осомничениот веќе побегнал кога дошол сопственикот. Бидејќи неодамна беше докажано дека бил малтретиран еден коњ, а и за овој случај има снимки од надзорните камери, осомничениот, 49-годишен државјанин на БиХ од Гермеринг, е приведен во полициска станица.
Осомничениот е уапсен
Полицијата го фатила осомничениот чекајќи го кај неговото возило кое претходно го паркирал во близина на фармата. На распитот мажот се бранел молчејќи, а ќе мора да направи ДНК тест.