Деновиве човек од Витез во БиХ по име Хамдија Рамуљ, на многумина познат како „Босанскиот Хулк“ е апсолутен хит на социјалните мрежи.
Имено, овој човек е еден од ретките кој може да победи дури и коњ кога станува збор за носење тежок товар.
Хамдија важи за човек со неверојатна сила, а со оглед на тоа што по потекло е од селото Гаќице, наведува дека носи само “боксерки”, пренесува Српскаинфо.
„Јас сум армиран бетон, нема зима за мене“, вели Рамуљ.
Рамуљ знае и да пее, а голема желба му е да има свое стадо овци и малку да свири на флејта и да ужива во животот.
Овој босански халк ја покажа својата сила, за потоа да се измие со снег.
И сред зима ќе го најдете во маица со кратки ракави, а како што наведува тој е здрав до тој степен што никогаш не извадил заб.
Рамуљ има пет деца, а со оглед на толку големото семејство, секој ден се бори да преживее. Тој откри дека има за цел да основа фарма за овци и кози, а за живот заработува од земјоделство.
Имено, овој босански халк неодамна го привлече вниманието на јавноста кога преку видео на Јутјуб ја замоли јавноста да му најде работа, а за возврат ќе подари коњ, кози и автомобил.
Тој потоа истакна дека не може да најде постојано или привремено вработување и дека е подготвен да го направи горенаведеното, доколку некој му овозможи да работи.
Рамуљ тогаш донел одлука да понуди награда за оној кој ќе му овозможи или договори вработување во фирма каде што ќе има и осигурување, со оглед на тоа што дома одгледува пет деца. Хамдија нормално оди во шума да сече дрва, но во последно време се потешко е да се избегнат шумарите и казните.
Така во еден момент завршил во затвор каде поминал осум дена, токму поради сечењето на шумата.
„Барав работа, но нема. Да ме стави некој во фирмата, ќе му дадам кадифе, кози и коњи, се што ќе добијам, ќе дадам само за да се вработам“, изјави тогаш Рамуљ.