Бочварски: “За проектот ‘Бехтел и Енка’ го исплативме првиот трансфер од 117 милиони евра кон ЈПДП“

Првиот трансфер веќе го исплативме до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), согласно Програмата што е донесена од Владата и објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери“, истакнува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА.

Кон ЈПДП, информира министерот, се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ  од 7,254 милијади денари.

Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен  контакт и комуникација со компанијата ‘Бехтел‘ во реализација на останатите чекори и процедури  согласно Програмата, согласно Договорот и согласно Законот“, вели Бочварски во видео интервју што МИА ќе го објави утре.  

Владата ја донесе Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година на седница на 23. март, по што беше објавена во Службен весник.  Во Програмата, меѓу останатото, е наведено дека средства во износ од 7.254.000.000 денари (117.000.000 евра) се исплаќаат во две транши и се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите: делница 1 (Тетово – Гостивар), делница 2 (Гостивар – Букојчани), делница 3, (Требениште – Струга – Ќафасан) и делница 4 (Прилеп – Битола). Средствата од првата транша која изнесува 5.390.000.000 денари (87.000.000 евра) и од втората транша во износ од 1.864.000.000 денари (30.000.000 евра) се исплаќаат согласно член 14.7 од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д

Благој БочварскиМакедонијаполитика