Бојан Стојаноски: “Намалување на ДДВ за електрична енергија и за основните прехранбени производи“

Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија уште во текот на минатиот месец поднесе предлог закон за изменување и дополнување на законот за ДДВ, кој ќе биде на дневен ред на денешната собраниска седница.

Овој Предлог закон содржи две многу важни измени за граѓаните во услови на секојдневно влошување на животниот стандард.

Првиот предлог е намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%. За потсетување, Владата во текот на оваа година два пати го покачи ДДВ-то за електрична енергија, најпрво во јануари од 5 на 10% и сега од 1 јули од 10 на 18%. Во изминатите три години, СДС и ДУИ преку Регулаторна комисија за енергетика ја покачија цената на струјата за 50-тина проценти.

Овие покачувања се резултат на недомаќинското, нестручно и криминално работење на владината коалиција со државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО.

Нашиот втор предлог кој е на барање на граѓаните е намалување на ДДВ од 5% на 0% за основните прехранбени производи. Тука се гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС.

Ние предлагаме намалување на давачките за храна кон државата, а СДС предлага зголемување. Ние бараме да не се плаќа ДДВ, за побрзо да се симне инфлацијата, а власта предлага зголемување на ДДВ за над 4.000 прехранбени производи за да прибере денар повеќе. Поголемо ДДВ ќе значи инстантно зголемување на цените и нов удар по потрошувачката кошничка. Власта се уште ја крие целосната листа на овие т.н. ексклузивни производи, но ајде нека кажат колегите од мнозинството што е ексклузивно во бисквити.

За да нема забуни, особено кај колегите од СДС кои се повеќе се чувствуваат измамени од ДУИ, по којзнае кој пат бараме веднаш, уште пред гласањето да се објави листата на производи кои државата ќе ги поскапи.

Почитувани,

Економските политики на власта доживуваат крах. Македонија е една од земјите со највисока инфлација во Европа, а најнизок економски раст. Бројот на граѓани кои се под прагот на сиромаштија секојдневно се зголемува, а власта зголемува даноци. ДУИ и СДС собираат арач за да можат да уживаат уште повеќе во своите благодети додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник.

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕМакедонијаполитика