Бојмацалиев: Следната недела очекуваме уште 120.000 обрасци за пасоши, ќе има пасоши за сите

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев најави дека ќе има пасоши за сите.

– Не се работи за никаква саботажа во Министерството за внатрешни работи. На самиот ден на примопредавање на функцијата во МВР пристигнаа 50.000 пасоши, минатата недела пристигнаа уште 20.000 пасоши, во четврток или петок треба да добиеме некоја бројка од 100.000 пасоши и наредната недела уште 120.000 пасоши. Со тие обрасци кои стигнаа и овие кои што ќе дојдат се задоволува потребата на МВР да излезе во пресрет на граѓаните и да им ги издаде документите кои што им се потребни до следната пратка од 300.000 обрасци кои ќе пристигнат во месец јуни – рече дополнителниот заменик-министер на МВР во техничката влада, Митко Бојмацалиев во гостување на ТВ21.