Бојмачалиев: Во Македонија синоќа пристигнале 140.000 пасоши

Синоќа на граничниот пункт „Богородица“ пристигнаа новите обрасци за 140.000 пасоши, соопшти дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмачалиев.

Тој нагласи дека многу брзо ќе пристигне уште една пратка од 85.000 формулари, со што, како што најави Бојмачалиев, се комплетира бројката од 225.000 формулари.

„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе пристигнат утре и до крајот на месецот ќе има вкупно 1.734.600. Исто така, многу брзо ќе пристигне уште една пратка од 85.000 формулари.

Со ова, како што најавив, се комплетира бројката од 225 илјади обрасци. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а тие што ќе пристигнат утре и до крајот на месецот ќе бидат 1.734.600“, рече Бојмачалиев.