БРАЗИЛ ГО “ДЕМНЕ“ НЕВИДЕН ТОПЛОТЕН БРАН – Во Рио де Жанеиро измерени 52 степени

Црвен аларм е издаден во речиси 3.000 градови низ Бразил поради невиден топлотен бран, пишува BBC.

Температурни рекорди се срушени во многу градови, вклучително и во Рио де Жанеиро, каде во еден момент се измерени неверојатни 52,5 степени Целзиусови.

Над сто милиони луѓе се погодени од топлотниот бран кој се очекува да трае до петок.

Надлежните велат дека феноменот Ел Нињо и климатските промени се виновни за ваквите високи температури.

Во градот Сао Паоло во вторник попладне е измерена просечна температура од 37,3 степени Целзиусови, соопшти Националниот метеоролошки институт на Бразил.

Сао Паоло

Изнемоштена сум, многу е тешко“, изјавил Рикелме да Силва (22 г.), жител на Сао Паоло.

Кога ќе се вратам дома, веднаш се полевам со ладна вода. Инаку не можам ни да станам, многу сум уморен. Тешко е да се спие во таа топлина“, изјавл друг жител на Сао Паоло, пренесуваат бразилските медиуми.

Дора (60 г.), продавачка на уличен штанд, вели дека топлината е толку голема што е невозможно да се работи надвор.

Националниот метеоролошки институт на Бразил издаде црвено предупредување за поголемиот дел од земјата. Тие велат дека температурите би можеле да бидат и до пет степени над просекот повеќе од пет дена, што претставува сериозна закана за здравјето.

Топлотниот бран, кој ја зафати земјата неколку месеци пред почетокот на летото на јужната хемисфера, доведе до зголемена потрошувачка на енергија во Бразил, бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со климатизери.

Сао Паоло

Истражувањето на Националниот метеоролошки институт на Бразил од минатата недела покажа дека температурите во земјава биле над просекот во периодот од јули до октомври.

Поради климатските промени, екстремните временски услови ќе бидат подолги и поинтензивни во многу области во светот.

Научниците велат дека топлотните бранови стануваат подолги и поинтензивни, а тоа ќе се влошува се додека луѓето продолжат да испуштаат стакленички гасови во атмосферата.

Покрај тоа, Земјата моментално е во фаза Ел Нињо, при што температурите дополнително се зголемуваат.

Сао Паоло
Бразилвремеклиматски промени