Бразилската фудбалска конфедерација издаде соопштение во врска со грозоморниот гест на навивачите на Атлетико против напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.
– Фудбалската конфедерација на Бразил категорично ги отфрла расистичките дејствија што ги претрпе Винисиус Јуниор уште еднаш. Нетолеранцијата и дискриминацијата не се дел од спортот и мора да бидат уништени од општеството. Очекуваме сторителите да бидат откриени и казнети согласно законот. Ти посакуваме, Вини, секогаш да играш, да дриблаш и пред се да го правиш тоа со насмевка на лицето! Ние сме со тебе, се вели во официјалното соопштение на федерацијата на социјалните мрежи.
Навивачите на Атлетико закачија транспарент на еден од мостовите на кои пишуваше „Мадрид го мрази Реал“, а кукла со ликот и дрес на Винисиус Јуниор беше закачена во близина на тренинг базата на „кралскиот клуб“ пред четвртфиналниот натпревар од Купот на Кралот меѓу тимовите.
Мадридското дерби ќе се одигра вечерва со почеток во 21 часот.