Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси и неговата сопруга Снежана наскоро ќе прослават четири децении љубов, во кои заедно поминаа низ бројни предизвици.
Двојката има три деца и живее далеку од очите на јавноста, но познато е дека се венчаа двапати – првиот пат на граѓанска церемонија, а вториот пат во 2011 година во Руската православна црква Александар Невски во Париз.
Таа откри и колку е важно да го поддржувате партнерот, особено во тешките моменти.
– Откако изгуби натпревар, тој не спие три ноќи, а јас го тешам и понекогаш ја слушам истата приказна 50 пати. Не ми е тешко, иако понекогаш и самата не сум расположена, но тоа е почитта што постои после толку години – изјави еднаш Снежана.