Двајца Борани осомничени за убиството на малата Данка Илиќ (2), која Србија и пошироко ја чекаше до последен момент, надевајќи се на чудо и среќен крај, по сопствено признание ја убиле малата Данка.
Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и наводно, според неофицијални информации, го задавил детето кое лежело на патот и плачело.
Многу брзо по исчезнувањето на малата Данка двајцата беа приведени и сослушани во рамки на истрагата – тврдеа дека немаат никаква врска со исчезнувањето на девојчето.
Но, на полицијата и биле многу сомнителни, па упорно ја продолжувале истрагата и во таа насока.
Клучниот момент било објавувањето на видеото од Виена , кога си рекле: „Го видовте ли ова во Виена, се извлековме“, открила истрагата.