Помладиот брат на принцезата Кејт, Џејмс Мидлтон, по нејзиното објавување за дијагноза на рак, сподели заедничка фотографија од нивното детство со емотивна порака.
Џејмс им се придружи на желбите и пораките за поддршка што ги доби принцезата откако денеска објави дека има рак и дека е во рана фаза на лекување. Тој ја објави нивната фотографија со порака за охрабрување.
„Со текот на годините, заедно искачивме многу планини“, напиша тој на Инстаграм и рече: „Како семејство, оваа ќе ја искачиме со тебе“.
Неговата порака беше споделена заедно со фотографија од детството на Кејт во поло маица со врзана коса.