Јокиќ на мечот против Лејкерси имаше поддршка од својот брат Страхиња.
Коментаторот се насмеа и даде интересен коментар.
Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола Јокиќ, во живо на „Бал арената“ го следеше натпреварот помеѓу Денвер и Лејкерс.
По возбудливо финале, Нагетс славеа против тимот од ЛА со резултат 131:126, а Никола повторно блесна на теренот.
Натпреварот го заврши со 28 поени, седум скока, пет асистенции и три украдени топки.
Никола на овој меч од трибините го бодреше неговиот брат Страхиња.
Додека Никола шутираше слободни фрлања во првото полувреме, неговиот постар брат беше во кадар, што резултираше со интересна реакција на коментаторот кој го пренесуваше натпреварот во живо.
„Тука е и братот на Никола, доаѓаат во пакет“, низ насмевка изјави американскиот коментатор.