Младо момче и девојка во живо на социјалните мрежи пренесувале како скокаат до смрт од 24 кат на зграда во Киев.
Полицијата соопшти дека станува збор за брат и сестра на возраст од 17 и 18 години.
– Жртвите од здобиените повреди починале на лице место – се вели во полициското соопштение.
На вознемирувачкото видео се гледаат младо момче и младао девојче како скокаат од балконот држејќи се за раце. Можат да се слушнат последните зборови што младото момче и’ ги кажа на својата сестра пред да скокне.
– Те сакам – се слуша на снимката.
Локалните медиуми јавуваат дека тинејџерите се самоубиле во понеделникот во 11 часот и 10 минути во зградата каде што претходно изнајмиле стан. Тие потекнуваат од градот Березан.
-До десетгодишна возраст момчето живеело во сиропиталиште. И девојчето до својата четиригодишна возраст живеело во сиропиталиште – рекол извор од истрагата.
Девојката која скокнала од зградата имала полусестра (17) која била на распит.
– Тинејџерите до неодамна активно користеле дрога и биле депресивни – вели извор од истрагата.
Ден пред самоубиството направиле канал на телеграм насловен „The Walking Dead“ а 30 минути пред трагедијата објавиле неколку десетици видеа на кои кажуваат како се подготвуваат за смрт. З
Забележани се и како консумираат наркотици, а според извори, тие шмркале мефедрон и пушеле марихуана.
Тинејџерите изјавиле и дека минатиот понеделник „одлучиле да се самоубијат“ и дека „цела недела им била тешка“.