Брат и сестра со нивниот другар седеле на клупа, а потоа убиецот ги изрешетил до смрт – Денеска е погребот на тројцата убиени во крвавиот масакр кај Младеновац!

На локалните гробишта денеска ќе бидат погребани братот и сестрата Милан (22) и Кристина Паниќ (18), како и нивниот пријател Далибор Тодоровиќ (25) од Дубона кај Младеновац, кои беа убиени во страшниот масакр што го изврши Урош Б.

Како што пишувавме претходно, невиденото злосторство на тој простор започна токму во Дубона, кога Урош прво рани двајца браќа на капијата, Миломир Мијаиловиќ и Предраг Мијаиловиќ, а потоа пукаше во братот и сестрата кои седеа на клупата во училишниот двор. Со нив бил и несреќниот Далибор Тодоровиќ, кој починал во рацете на родителите.

Да потсетиме, за само два дена во Белград и Младеновац загинаа дури 18 луѓе, а има и многу ранети! Масакр е извршен во основното училиште „Владислав Рибникар“, а потоа и во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин во Младеновац.