Брачен пар веќе трети пат крстари со свингери! Покажаа снимки од бродот на гревот: Еве што за нив симболизира ананасот (ВИДЕО)

Тиктокерката Бела преку видео раскажа дека таа и нејзиниот сопруг се свингери и дека по третпат одат на такво патување, односно крстарење со свингери. Имено, таа неодамна се качила на крстарење со својот партнер Џејс и решила на сите да им покаже како изгледа овој тип на одмор, пишува LADBible.

Штом се качија на бродот, кој многумина го нарекуваат „брод на гревот“, ги пречека куп душеци распослани на подот.

„Ова се нашите игротеки“, рече Бела.

Потоа покажа снимки од нејзината соба, тие ја украсија вратата од нивната кабина со разни мимики и работи за да им кажат на другите за што се отворени, а на крајот додадоа ананас, што во заедницата на свингери значи дека се „слободни за забава“. 

На бродот има посебни соби и палуби каде што не е потребна облека, има и разни „игротеки“ за возрасни, сето тоа за околу 200 долари по лице по ноќ. Често се организираат специјални тематски вечери за паровите да можат уште повеќе да се релаксираат, а најчесто тоа се забави со оскудни костими. Бродот може да прими до 2.000 патници.

Но, постои голема заблуда за овие крстарења, бидејќи тие не се секс забави на бродот – има многу правила кои патниците мора да ги почитуваат.

Во видеото во кое на гледачите им го покажува бродот и нивната соба, Бела покажа и како таа и Џејс облекле пижами за тематската вечер со пижами забави. Таа додаде дека тоа е единственото видео што го имала од таа вечер. Судејќи по видеата, многу се забавувале, па не би било чудно доколку се вратат следната година.