– Англискиот фудбалски прволигаш Брајтон ја одби и втората понуда од лондонски Арсенал за услугите на Моисес Касиедо и му порача на актуелниот лидер во Премиер лигата дека еквадорскиот играч за врска не е на продажба, пренесува Би-Би-Си.
Според истиот извор, втората понуда од Арсенал изнесува близу 70 милиони фунти.
Брајтон претходно овој месец ја одби првата понуда на Арсенал од 60 милиони фунти, како и понудата од Челзи, кој за 21-годишнито еквадорски репрезентативец понуди 55 милиони фунти.
Касиедо во отворено писмо го извести Брајтон дека сака да го напушти клубот, а раководството му одговори така што му рече дека земе пауза до крајот на зимскиот преоден рок.
Еквадорецот ја пропушти вчерашната победа над Ливерпул во ФА Купот, а тренерот Роберто де Зерби рече дека сака Касиедо да ја заврши сезоната во Брајтон.
Касиедо има договор со Брајтон до лето 2025 година.