Бред Пит (60) вчера се појави заедно со својата девојка Инес де Рамон на филмскиот фестивал во Венеција, каде ќе се одржи премиерата на филмот „Волци“ во кој глуми со својот пријател и колега Џорџ Клуни.
Бред Пит беше одлично расположен, а неговата девојка Инес де Рамон, која е 26 години помлада, го привлече вниманието на сите присутни во навидум едноставна, но ефикасна комбинација. Инес облекла едноставна бела маичка, која ја искомбинирала со долго, лелеаво беж здолниште и вртоглаво високи потпетици.
Бред се одлучил и за полежерен стил, а облекол и бела кошула, која ја искомбинирал со карирани панталони, а посебен детаљ биле лакирани чевли во беж боја. Познатиот готвач цело време внимавал на својата избраничка и како вистински џентлмен и помагал безбедно да влезе во чамецот.
Интересно е што и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли имаше премиера во Венеција, со филмот „Марија“ за познатата оперска пејачка, но организаторите се потрудија да не им се поклопат распоредот.
Да потсетиме, поранешната двојка беше во брак од 2014 до 2019 година, додека нивната врска започна во 2005. Имаат шест деца и постојано имаат разни конфликти.