Здравствен експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера
Бремена жена која дошла на редовен преглед во болница во Прага направила абортус откако лекарите не сфатиле дека се работи за погрешен пациент .
Во трагичен инцидент претходно оваа недела, мешањето меѓу две странци во Универзитетската болница Буловка во Прага 8 резултираше со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба.
Здравствен експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколози и анестезиолози ја помешале со друга трудница, на која и била закажана киретажа (метод на абортус).
Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка и направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува длабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онджеј Јакоб во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните беа разрешени од нивните должности“, додаде тој.
Самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ соопшти дека е подготвена да плати отштета.
Според чешките медиуми и двајцата пациенти се странски државјани кои живеат во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.