Бремена Србинка го убила мажот во Грција ѝ го закопала во дворот, пред медиумите плачела дека ѝ недостасува

Српската државјанка (34), која е во шестиот месец од бременоста, е уапсена во грчкото летувалиште Лептокарија под сомнение дека пред пет месеци го убила својот сопруг Костас Сијамитрас (58), а потоа се обидела да го прикрие страшното злосторство, објави Блиц.рс.

Според грчките медиуми, несреќниот маж бил пријавен за исчезнат на 2 септември минатата година, а неговата сопруга, која со месеци се однесувала загрижено и очајно пред телевизиските камерите, била уапсена во четвртокот.

По апсењето, откриваат таа признала дека при расправија го оттурнала сопругот, кој го удрила во главата и починал. Потоа признала дека неговото тело го закопала во дворот на семејната куќа.

– Ги однела истражителите на местото каде што го закопала сопругот, во дворот, зад нивната куќа. Форензичарите пристигнале на местото на настанот и по ископувањето на теренот, на длабочина од околу 40 сантиметри пронашле човечки останки, череп и лопатка – потврдија грчките медиуми од истрагата.

Во текот на петте месеци колку што траеше потрагата по Костас Сијамитрас, неговата сопруга се огласуваше во медиумите и се појавуваше во емисии.

– Рече дека и недостига Костас, дека куќата е празна, дури рече дека е очајна, моли за помош бидејќи „нивниот син постојано го бара својот татко“. Таа изнесе теории дека можеби нејзиниот сопруг се разболел бидејќи имал проблеми со дишењето, дека можеби колабирал и дека никој не му помогнал. Таа дури рече: „Се плашам дека е болен. Никогаш не би повредил никого. Никогаш не би отишол никаде сам, бидејќи не можел да поднесе долго да се раздели од нашиот син“, пишуваат грчките медиуми, меѓутоа, додека таа ја играла улогата на загрижена сопруга, истражителите ги испрашувале сведоците, меѓу кои и нивниот тригодишен син, и собирале докази. Кога ги составиле парчињата, ја уапсиле Србинката.

На распитот, велат, се скршила и го признала делото.

Медиумите потсетуваат дека во првата изјава жената изјавила дека на 2 септември нејзиниот сопруг излегол од куќата и отишол на работа. Таа тврдела дека упорно му се јавувала, но дека по извесно време му бил исклучен мобилниот телефон и му се губи секаква трага.

– Во меѓувреме, во присуство на психолог на исказ беа однесени и нивниот тригодишен син, како и бројни други сведоци. Таа во четвртокот повторно била повикана во полиција, а потоа признала дека се расправале и дека при расправијата го турнала, дека изгубил рамнотежа, паднал на подот и го удрила во главата. Рекла дека видела дека не дише и потоа го зела и го закопала во дворот од нивната куќа.

Според пишувањата на медиумите, соседите рекле дека парот во последно време често се расправал. Таткото на жртвата наводно изјавил дека неговата снаа била крајно злобна кон неговиот син.

-Последниве месеци додека го баравме таа беше целосно рамнодушна. Воопшто не ја интересираше, ќе го земеше моторот и ќе одеше до село, ќе одеше на прошетка, ќе пазареше – рекол таткото на жртвата, тврдејќи дека е сигурен дека таа има соучесник.