Помладата ќерка на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, Марија Рамадановски е во друга состојба.
Среќната вест на својот Инстаграм профил ја сподели гордата баба која го откри и полот на бебето:
– Ќе имам внука – напишала идната баба, а на фотографијата веќе се гледа трудничкиот стомак.
Да потсетиме, филмот „Недеља“ за животот на пејачот Џеј Рамадановски деновиве се прикажува во кината во Србија.