Бременоста е позната по своите долгорочни здравствени ефекти, но претходните истражувања покажаа дека тие главно се корисни, како што се намалување на ризикот од рак и деменција.
Но научниците од Факултетот за јавно здравје „Мејлман“ на Универзитетот Колумбија во Њујорк спроведоа истражување и заклучија дека бременоста толку многу го оптоварува телото на жената што може да го забрза биолошкото стареење.
Научниците ја анализираа репродуктивната историја и примероците на ДНК на 1.735 млади Филипинци, од кои 825 жени, за време на долгорочна, тековна здравствена студија на Филипините за да го истражат влијанието на бременоста врз процесот на стареење, пишува Гардијан.
Студијата покажа дека жените кои пријавиле дека се бремени изгледаат биолошки постаро од жените кои никогаш не биле бремени, а жените кои биле бремени повеќе од еднаш изгледале биолошки постари од оние кои пријавиле помалку бремености.
Посебно е да се забележи дека кај татковците, независно од бројот на деца што ги имале не е утврдено биолошкото стареење кај мажите на иста возраст, што значи дека има нешто специфично во бременоста или доењето што го забрзува биолошкото стареење.
Научницитеја разработија биолошката возраст на учесниците користејќи шест различни „епигенетски часовници“ – генетски алатки кои ја проценуваат биолошката возраст врз основа на моделите на процесот наречен ДНК метилација.
Студијата во која учествуваа 825 млади жени покажа дека секоја поединечна бременост пријавена од жена е поврзана со дополнителни два до три месеци биолошко стареење, а жените кои пријавиле дека се бремени почесто во текот на шестгодишниот период на следење покажале поголемо зголемување на биолошко стареење за време на бременоста.
„Нашите резултати од истражувањето покажуваат дека бременоста го забрзува биолошкото стареење и дека овие ефекти се забележани кај младите жени со висока плодност“, рече д-р Кејлен Рајан, главен истражувачки научник во Центарот за стареење во Колумбија и главен автор.
„Нашите резултати се и првите кои ги следат истите жени со текот на времето, поврзувајќи ги промените во бројот на бремености на секоја жена со промените во нејзината биолошка возраст“.
Поврзаноста помеѓу историјата на бременост и биолошката возраст остана конзистентна дури и откако беа земени предвид разни други фактори поврзани со биолошкото стареење, како што се социоекономскиот статус, пушењето и генетските варијации, но не беа присутни кај мажите во истиот примерок. Овие резултати укажуваат на некои аспекти на имањето деца како двигател на биолошкото стареење.